Второ неуспешно гласање за спикер на Претставничкиот дом, клучните прашања сè уште нерешени

Обидот на Џим Џордан да стане претседател на Претставничкиот не успеа на второто гласање во Претставничкиот дом во средата.

22 републиканци во Домот одбија да го поддржат Џордан. Вчера, против него гласаа 20.

Неколку републиканци бараат начини да го овластат привремениот спикер Патрик МекХенри, за да можат да усвојуваат закони, дури и ако нема постојан спикер.

Водачот на малцинството во Претставничкиот дом, Хаким Џефрис, посочи дека демократите би можеле да бидат отворени да му помогнат на Мекхенри да освои мнозинство во тесно поделениот Дом, доколку тоа ќе стави крај на сегашниот ќорсокак.


Џордан планира да остане во трката за спикери и покрај тоа што загуби на два гласања по ред.

Републиканскиот кандидат за претседател на Претставничкиот дом на САД, не успеа да ги обезбеди потребните 217 гласови за да биде избран за спикер.

Џордан беше неуспешен во вторникот, откако не ја доби поддршката од 20 негови сопартијци и сите 212 демократски членови на Претставничкиот дом.

Во обид да се обезбеди привремено решение, двајца републиканци кои беа претседатели на Претставничкиот дом во минатото се заложија актуелниот претседател Патрик МекХенри да го води Долниот дом на Конгресот до крајот на оваа година.