Британија ќе ја прогласи Групата Вагнер за терористичка организација

Борци од Групата Вагнер

Велика Британија соопшти дека ќе ја означи руската платеничка група Вагнер за терористичка организација.

Владата во Лондон рече дека ќе наложи усвојување прописи во Парламентот што доколку бидат одобрени, ќе го направи нелегално членството или поддршката на групата.

Одредбата, исто така, ќе ѝ овозможи на Владата да го заплени имотот на Вагнер.

Секретарот за внатрешни работи Суела Браверман рече дека Вагнер „бил вклучен во грабежи, тортура и варварски убиства. Нејзините операции во Украина, Блискиот Исток и Африка се закана по глобалната безбедност“.

Групата Вагнер беше вклучена во руската војна во Украина, а во јуни нејзиниот водач Евгениј Пригожин изведе краткотраен бунт против руската војска.

Пригожин бил пријавен дека загинал во авионска несреќа минатиот месец.

Велика Британија претходно ги санкционираше Вагнер и Пригожин.

Некои информации се од Асошиетед прес и Ројтерс.