Вицепремиерот Битиќи дециден, референдумот не се исклучува како можност, а доколку граѓаните одлучат да нема рудник нивната воља ќе биде испочитувана од Владата. Останува нејасно каков анекс на договор со „Еуромакс“ ќе потпише Владата откако одлучи да ги спои двете концесии на предлог на мнистерството за економија и зошто течат нови рокови од четири години за да се собере докуемнтацијата неопходна за издавање дозвола за ископ. Екологистите децицни дека министерот Бектеши манипулира со јавноста
СКОПЈЕ – Министерот за економија, Крешник Бечтеши, утре на седница на Владата ќе реферира пред премиерот Ковачевски и членовите на владиниот кабинет околу концесиите, постапките, одлуките и дозволите поврзаи со „Иловица“. Бектеши пак, на брифинг со новинарите минатата недела соопшти дека комплетната документација веќе е доставена до Владата на 26 јуни, ден пред седницата на која се донесе одлуката за спојување на двете концесии.
Министерството за економија пак најави дека по одлуката за спојување на концесиите на ред е потпишување на анкес на договорот и дека одново тече рокот од четири години за „Еуромакс“ да ја комплетира и достави целата докуемнтација и елаборати неопходни за издавање на дозвола за ископ на минерални суровини односно злато.
Вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, најави дека Владата ќе асистира на локалното население за организирање референдум и доколку тие се изјаснат против отаварање на рудник, ќе ја почитува нивната воља. Не ја исклучлува можноста и утре да се смени одлуката за спојување на концесиите.
„Не знам дали е процедурата да се потпише анекс на договорот. Утре имаме седница на Влада каде министерот Бектеши е задолежн да реферира за сите судски и други правни постапки кои се превземени за „Иловица“ од 2012 година. Откако ќе ги слушнеме сите моменти ќе се зане кој е следниот чекор. Ние кажавме и ставот е јасен. Ако граѓаните кажат дека не сакаат да има рудник, ние соодветно ќе постапиме кон тоа. Мислам дека еднаш таму имало изјаснување на граѓаните само во Босилово. Ние сме подготвени да помогнеме сите граѓани од регионот да се изјаснат на референдум дали сакаат да има или не рудник во тој регион. Затоа ќе оставам утре да слушнеме што вистински се случувало“, изјави вицепремиерот Битиќи.
„Еуромакс“ пак најави дека ќе поведе арбитражен спор против државата ако Владата донесе споритвна одлука од постоечката и ќе бара оштета повисока од една милијарда евра.
Битиќи без коментар околку можноста за поведување на нов арбитраженс пор против Северна Македонијa поврзан со рудници, по оние за „Казандол“ и „Саса“
„ Не знаеме. Не ги знаеме сите правни моменти, дали ќе платиме или нема да платиме бидејќи не знаеме точно што ќе биде исходот. Затоа прејудицирањето не може да биде нешто што можам да одговорам денеска. Да почекаме утре на одлките од Влада и во натамошниот период“, објасни Битиќи.
Изјавите на министрите Оливер Спасовски, Славјанка Петровска и Каја Шукова, дека нивниот колега Бектеши ги измамил и наведол да гласаат за спојување на концесиите без никаква дебата ги демантираше и вицепремиерот откако Бектеши изјави дека дваесетина минути се дискутирало на темата пред да се гласа.
„Да точката на дневен ред беше и имаше одредена расправа, не можам да кажам колку време траеше, искрено никој не брои минути, но имаше одредена расправа. Утре ќе има сигурно многу повеќе расправа за оваа точка“, рече Бектеши.
Останува нејасно и зошто Владата и министерството за економија тврдеа дека одлуката за спојување на концесиите ја донеле врз основ на пресуда на Управниот суд бидејќи во пресудата децидно стои дека тие се изземаат од тужбата за спојување на концесиите и дека тоа е во доменот на државните институции.
Толкувањето дека одлуката за спојување на концесиите се темели врз член 61 екологитите бараат да се дообјасни бидејќи таму е наведено дека државата може а не дека мора да ги спои двете концесии.
Екологистите се децидни дека надлежните и пред се министерот Бектеши манипулира со јавноста и произволно ги толкува законите како што му одговара и не ја исклучуваат можноста од нив протести и граѓанска непослушност.
Спојување на концесиите и одобрување на елаборатот за влијание врз животна средина во рок од две години од потпишувањето на договорот биле условите кои ги поставила „НД Груп“ на „Еуромакс“ за да го даде заемот од три милиони долари и потоа да откупи акци по повластени гарантирани цени и со тоа да влезе како малцински сопственик во фирмата. „НД Груп“ чиј основач е Назиф Дестани, сопственик и на тетовската „Еколог“, во своето портфолио нема никакво искуство во областа на рудатство и ископ на минерални суровини а тоа може да се види и на официјалниот сјат на компанијата.