Папата Францис ќе биде отпуштен од болница во петок наутро, девет дена откако му беше извршена операција за абдоминална хернија, се вели во соопштението на Ватикан.
Претходно во четвртокот Ватикан ги објави првите слики на 86-годишниот понтиф по приемот во римската болница Гемели на 7 јуни, на кои се гледа како во инвалидска количка го посетува одделението за рак за деца.
Мисите на Папата се откажани до 18 јуни.
Францис закрепнува нормално, а тестовите на крвта му се во согласност со очекуваните параметри, се вели во соопштението на Ватикан.
Следниот месец ќе одмара пред да отпатува во Португалија од 2 до 6 август за Светскиот ден на младите Светилиштето на Фатима.
Тој исто така треба да ја посети Монголија од 31 август до 4 септември, едно од најоддалечените места што ќе ги посетил во неговиот 10-годишен понтификат.