Граѓаните стравуваат од ценовен шок. Нови мерки нема да има, освен контролите на пазарниот инспекторат. Во наредните денови и регулаторната комисија ќе соопшти која ќе биде новата цена за струја која ќе ја плаќаат домаќинствата
СКОПЈЕ – Граѓаните во исчекување на утрешниот ден кога престанува со важност одлуката на Владата за замрзнување на цените на дел од прехранбените и млечните производи како и проиводи за хигиена но и во новата цена на струјата која деновиве ќе ја соопшти Регулаторната комисија. Тие очекуваат дека трговците ќе ги зголемат цените на продуктите а извесно е и дека ќе се плаќа повисока цена за струја откако дел од операторите побараа зголемување.
„Мислам дека ќе има зголемување на цените на производите кои беа опфатени со мерката но не драстично и нема да влијае врз семејниот Буџет како претходно“, вели Марко Ивановски од Скопје.
Пензионерите велат дека нивните примања се ниски, секој ден го бројат и колку и да се зголемат цените за нив дополнително ќе биде потешко да го преживеат месецот.
„ Со мојата пензија, се освен поефтини цени ќе биде нова криза“, изјави Анастасија Трајчева.
Од Владата се на став дека условите на пазарот, цената на суровините и клучно, цената на струјата, која го диктира темпото на цените нема да предизвикаат ценовен шок. Од бизнис секторот добиле гаранции дека цените ќе останат без поголеми промени. Вчера вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи, најави дека засега нови мерки сега нема, останува само инспекцијата. Битиќи уверува дека ќе се следи состојбата и кај тргоне се планирани освен засилени контроли на Државниот пазарен инспекторат.
Она што дополнително ги загрижува граѓаните е и новата цена на струјата која што треба неделава да се формира и да се соопшти од регулаторната Комисија. Она што е јасно е дека доколку регулаторот ги прифати сите барања на операторите цената ќе се зголеми за 13 отсто а на тоа треба да се додаде и враќањето на ДДВ-то од 10 на 18 проценти што значи севкупно зголемување од 20 проценти кои граѓаните би ги плаќале до 31 декември.
Во моментот се чека уште на државната ЕСМ која треба да ја достави цената за мегават час струја по која ќе ја продава на универзалниот оператор ЕВН Хоум.