Анкара може да добие Ф-16, но САД имаат предуслов, наговести претседателот Бајден

„Тој сè уште сака да се договориме околу прашањето со Ф-16. Му реков дека ние сакаме договор со Шведска за НАТО. Ќе бидеме повторно во контакт, еден со друг“, рече Бајден за разговорот со Ердоган, додавајќи дека ќе зборуваат повеќе за тоа „следната недела“.

Со цел да обезбеди поддршка за кандидатурата на Шведска за приклучување кон НАТО, американскиот претседател Џо Бајден сигнализираше нов пристап во неговиот ангажман со претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган.

Новоизбраниот турски лидер е една од најкомплицираните членки на трансатлантската воена Алијанса.

Бајден разговараше со Ердоган во понеделникот за да му честита за освојувањето на неговиот трет претседателски мандат и рече дека двајцата разговарале за прашањето за приемот на Шведска во НАТО и барањето на Турција за ремонт и проширување на својата флота на борбени авиони Ф-16 од американско производство.

„Тој сè уште сака да се договориме околу прашањето со Ф-16. Му реков дека ние сакаме договор со Шведска за НАТО. Ќе бидеме повторно во контакт, еден со друг“, рече Бајден, додавајќи дека ќе зборуваат повеќе за тоа „следната недела“.

Ова е прв пат Бајден да ги поврзе двете прашања, заедно.

Ниту Белата куќа https://www.whitehouse.gov/briefing-room/statements-releases/2023/05/29/readout-of-president-bidens-call-with-president-erdogan-of-turkiye- 2

ниту турската влада -

https://www.iletisim.gov.tr/turkce/haberler/detay/us-president-biden-comgratulates-president-erdogan-over-phone

не ја споменаа потенцијалната продажба на Ф-16.