Саманта Пауел: Странската помош од УСАИД е клучна во спротивставување со кинеското и руско влијание

Администрацијата на Бајден побара 32 милијарди долари странска помош за потребите на УСАИД - 3 милијарди долари повеќе од износот што го усвои Конгресот во 2023 година.

Виш републикански законодавец нагласи дека приоритетите за финансирање на Американската агенција за меѓународен развој (УСАИД) не одат доволно далеку во справувањето со заканата што ја претставува Кинеската Комунистичка партија.

Администрацијата на Бајден побара 32 милијарди долари странска помош за потребите на УСАИД - 3 милијарди долари повеќе од износот што го усвои Конгресот во 2023 година.

Претседавачот со комисијата за надворешни односи во Претставничкиот дом Мајкл Мекол на сослушувањето со администраторката на УСАИД, Саманта Пауел, рече дека не е јасно како Агенцијата планира да ги потроши бараните 400 милиони долари во фондот за спротивставување на кинеското влијание.

„Нашата странска помош мора да послужи како јасна алтернатива на Кинеската комунистичка партија и нашите противници, истовремено спасувајќи животи и проектирајќи го глобалното лидерство на САД ширум светот“, рече Мекол.

Буџетските расправи со раководителите на агенциите се одржуваат еднаш годишно на Капитол Хил, а барањата за финансирање служат како почетна точка за преговорите.