Народна Банка проектира економски раст од 2,1 и инфлација до 9 отсто


СКОПЈЕ – Економски раст од 2,1 процент и едноцифгрена инфлација во распон од 8 до 9 проценти е последната проекција на Народна Банка на Македонија. Проекциите денеска ги презентираше гувернерката Анита Ангеловска – Бежовска. За 2024 и 2025 година, проекциите за БДП се непроменети, односно се очекува забрзување на растот при што тој би изнесувал 3,6% и 4%, соодветно, во согласност со закрепнувањето на глобалната економска активност, а особено активноста на нашите најзначајни трговски партнери.

„Се предвидува забавување на инфлацијата на едноцифрено нивно во распон од 8 до 9 проценти оваа година а потоа на среден рок натамошно намалување и сведување под 3 проценти како што беше и октомвриската проекација.Во однос на инфлацијата не правиме ревизија на октомвриските проекции. Во однос на економскиот раст проекциите на меѓународните финансиски институции се движат во интервал од 2 до 2,4 проценти со исклучок на ММФ. Нашата проекција е 2,1 процент“, рече гувернерката Бежовска.

Слична прогноза има и Европската банка за обнова и развој (ЕБОР) според која Северна Македонија годинава ќе има раст на БДП од два отсто, а во нардната од три проценти. Целиот регион на Западен Балкан во 2023 ќе забележи раст од 2,2, а во 2024 година 3,4 отсто.

ЕБОР во извештајот наведува дека на економските перспективи на Западен Балкан годинава ќе влијаат инфлаторните притисоци и послабите изгледи на напредните економии во Европа, со попозитивни прогнози за 2024 година кога се очекува економскиот раст да се зголеми на 3,4 отсто