Мајоркас: Засега нема наплив на емигранти на јужниот дел од границата на САД

Сепак, имиграциските власти велат дека илјадници емигранти други се стационирани во северно Мексико и би можеле да се обидат да влезат во САД во наредните денови или недели.

Американскиот секретар за домашна безбедност Алехандро Мајоркас изјави дека бројот на мигранти кои се обидуваат да преминат во САД од Мексико откако се сменија правилата за влез на границата кон крајот на минатата недела, се намалил за речиси половина, но дека е „премногу рано“ да се знае дали напливот на миграцијата го достигна врвот.

Официјалните лица за имиграција на САД очекуваа огромен пораст на бројот на мигранти кои се решаваат да ја минат јужната граница кога доцна во четвртокот истече тригодишната политика која повикува на автоматско протерување назад во Мексико врз основа на стравувањата од ширење на пандемијата на коронавирус.

Сега, САД усвоија систем на прописи со кој се бара од мигрантите да бараат азил од САД пред да пристигнат на границата, или преку интернет, или во миграциски центри во други земји низ кои поминале за да стигнат до САД.

Мајоркас изјави за емисијата „За состојбата во нацијата“ на Си-Ен-Ен дека околу 10.000 мигранти дневно ја минувале границата пред промената на правилата и во многу случаи биле брзо протерани. Но, тој рече дека граничните агенти пресретнале само 6.300 во петокот и 4.200 емигранти, во саботата.

Сепак, имиграциските власти велат дека илјадници емигранти други се стационирани во северно Мексико и би можеле да се обидат да влезат во САД во наредните денови или недели.

Републиканскиот законодавец Мајкл Мекол, претседател на Комитетот за надворешни работи на Претставничкиот дом, изјави за емисијата „Оваа недела“ на Еј-Би-Си: „Мислам дека има карвани - мигранти кои се движат нагоре. Мислам дека тие сè уште сакаат да влезат во САД“. МекКол рече дека во последните две и пол години, цитираме, „имавме 5 милиони луѓе нелегално влегле во оваа земја, Тоа е неодржливо“.

За помалиот број мигранти кои се обиделе да влезат во САД досега, секретарот Мајоркас ги истакна предупредувањата дека границата со САД не е отворена и дека постои легален начин, начин за влез во САД, со поднесување документи за азил, иако релативно малку мигранти на крајот би можеле да добијат конечно одобрение.