Законите за „Бехтел и Енка“ тргнаа на брзата лента во Собранието

Експресно изгласана потреба за носење по скратена постапка за петте закoни поврзани со изградбата на Коридорите 8 и 10д на кои Владата им стави европско знаменце. Првиот собраниски филтер помина, законите се селат во Комсијата за европски прашања. Опозицијата ќе испрати дописи до амбасади и ЕУ, Синдикатот најавува протести и нова иницијатива до Уставниот суд, евроамбасадорот Гир со загриженост поради употребата на знаменцата



СКОПЈЕ – Петте закони на кои Владата им стави европско знаменце го минаа првиот собраниски филтер откако денеска пратениците ја изгласаа потребата за нивно носење по скратена постапка. Станува збор за Законот за работни односи, за утврдување јавен интерес, за урбанистичко планирање, за градење и Законот за експропријација.

Опозицијата ја нашушти собраниската сала пред гласањето и најавија кривични пријави за кршење на процедурите и злоупотреба на европското знаменце. Сојузот на Синдикати на Македонија (ССМ) најави дека повторно ќе побараат испитување на уставностна измените на Законто за работни односи до Уставниот суд и не ја исклучија можноста од протести и блокади.

Пратениците од опозицијата со забелешки бидејќи на законите со европско знаменце не стојат министерски потписи.

„Денеска пред нас се наоѓаат пет закони кои се однесуваат на изградбата на коридорите 8 и 10д, на кои оваа Влада се одлучи по којзнае кој пат да го злоупотреби европското знаменце. Ова значи дека сега ќе имаме опструирана дебата како и ограничена амандманска расправа по овие закони. Ова е предвидено со членот 135 од Деловникот при што треба да се наведат податоци за изворниот акт на ЕУ со полн назив, како и изјава за усогласеност. Потпис на надлежниот министер, како и јасно наведување на правниот акт на кој се однесува извршеното усогласување. Тоа го немаме. Празни се коресподентните табели. Ништо од ова не постои во содржината на законите и токму поради овие неправилности требало овие закони да бидат вратени на владина седница, а не да продолжат со продолжена процедура по истите“, рече Никола Мицевски, координатор на пратеничката груп ана ВМРО – ДПМНЕ.

Неговиот партиски лидер, Христијан Мицкоски, пак најави дека партијата ќе допис до амбасадите на земјите членки на ЕУ и до Европската комисија за злоупотребата на европското знаменце при носење на законските измени за коридорите.

За експертите, јавноста и дел од пратениците е спорно и нејасно што се усогласува со европското законодавство кога станува збор за овие пет закони.

„ На оваа седница Владата предлага 5 закони со европско знаменце, а никаде не видовме дека има усогласување на домашното законодавство на овие закони со законодавството на ЕУ. Се работи за да се покријат коруптивините договори на договорот постигнат со „Бехтел и Енка“ и во суштина овие 5 закони се закони за амнестија на Договорот со „Бехтел и Енка“, зборуваме за коруптивните елементи. Се случлва институционален криминал Парламентот да ги покрие криминалните дејствија, што ќе резултираат со имплементација на договорот“, рече пратеникот Трајанов.

Евроамбасадорот Дејвид Гир покажа загриженост порадиозначувањето со европско знаме на закони кои не се дел од усогласување со легислативата на ЕУ.

„Ќе бидат потребни децении доколку се усвојат сите делови од законодавството, ако процесот се одвива во нормални услови. Затоа го имаме европското знаменце. Европското знаменце може да го користите кога ја усогласувате вашата легислатива со легислативата и стандардите на ЕУ. Не загрижува означувањето на законите поврзани со коридорите 8 и 10д со европско знаменце, со оглед на тоа што тука нема усогласување со стандардите на ЕУ“, рече евроамбасадорот Гир.

Откако петте закони беа изгласани со 62 гласа „ЗА“ тие се селат во Комисијата за европски прашања, каде расправата за закони со европско знаменце трае два дена, без оглед на поднесениот број на амандмани и потоа се враќа кај пратрениците на гласање.

Доколку тие ги изгласаат законите се испраќаат на потпис кај претседателот Пендаровски, кој пак најави дека нема да го потпише указот за Законот за работни односи, каде што е предвидена шеесетчасовна работна недела за работниците ангажирани на стратешки проекти, бидекќи Уставниот суд ја оцени како дискриминаторска.

Од ССМ со разачараност од Владата поради измените во Законто за работни односи но и со најава дека во првиот момент кога ќе стапи на сила, ќе побара, повторно, Уставниот суд да пресече дали е дискриминаторски и противуставно или не. Ова е силување на работничките права, децидни се од синдикатот од каде најавуваат протести и блокади.

„Синдикатите имаат единствен став по ова прашање и жесток одговор на одлуката на одредени пратеници кои ќе направат огромна штета по животот и здравјето на работниците. Наредниот период е имаме синдикална акција, веројатно ќе следуваат блокади и протести доколку е потребно да се укаже на овие ненародни пратеници дека она што го прават е спротивно на интересите на граѓните и работниците а во интерес на неколку поединци во Владата“, изјави Слободан Трендафилов од ССМ

Уставниот суд исто така ќе биде инстанцата каде ССМ ќе ги брани правата на работниците.

„Во првиот момент кога ќе биде објавено во Службен весник таквото законско и поразително решение кон работниците веднаш ќе поднесеме иницијатива до Уставниот суд и оечкуваме Уставниот суд да реагира тројно побрзо откаолку што реагираше за зголемување на платите од 78 отсто за функционерите и очекуваме Уставниот суд, ставот од пред шест месеци да го потврди бидејќи Уставниот суд досега во историјата за исто прашање за исто прашање не одлучувал различно. Еднаш им го бутнавме и ќе го бутнеме повторно. За нас е нејасно зошто сега пост фестум аминуваме нешто што некој го превзел претходно како обврска. Зборуваме за нечовечки услови за работниците“, рече Трендафилов., ССМ

Синдикатот вчера доставил писмено барање до евроамбасадорот Гир да ја спречи злоупотребата на европското знаменце на овој закон а добил и уверување од конфедерациите на европските и светските синдикатите дека забелешките на ССМ ќе ги достават до Европската Комисија.

ССМ беше еден од подносителите на ицијативата до Уставен суд за оценување на уставноста на член 12 од Договорот за стратешко партнерство меѓу Владата и „Бехтел и Енка“, каде се содржаа голем дел од измените во законот за работни односи кои денеска го мина првиот собраниски филтер, а кој Уставниот суд во јули минатата година го укина оценувајќи го како дисктриминаторски.