Поранешниот водител на „Фокс њуз“ Такер Карлсон најави емисија на Твитер

Карлсон го напушти „Фокс њуз“ набргу откако матичната компанија „Фокс Корп“ постигна спогодба да плати 787,5 милиони долари тужба за клевета во која Карлсон имаше клучна улога.

Поранешниот водител на „Фокс њуз“, Такер Карлсон, кој минатиот месец беше симнат од етерот од кабловската информативна мрежа, изјави дека „наскоро“ ќе ја обнови својата емисија на Твитер.

Карлсон го напушти „Фокс њуз“ набргу откако матичната компанија „Фокс Корп“ постигна спогодба да плати 787,5 милиони долари тужба за клевета во која Карлсон имаше клучна улога.

Дури и кога Карлсон ги објави плановите за рестартирање на своето шоу на социјалните мрежи, Аксиос објави дека неговите адвокати испратиле писмо до Фокс во кое ја обвинуваат телевизијата, за измама и прекршување на договорот.

Адвокатот на Карлсон не одговори на барањата за коментар.

Портпаролот на Фокс, одби да коментира.