Ученик пукал врз ученици и вработени во основно училиште во Белград

  • VOA

Бројни родители пристигнале во кругот на училиштето, чии приоди се затворени од полицијата

Ученик утринава пукал врз ученици и вработени во основното училиште „Владислав Рибникар“ во населбата Врачар во Белград. Српската полиција соопшти дека е уапсен ученик од седмо одделение и се претпоставува дека пукал со пиштол на неговиот татко.

Српските медиуми објавија дека во нападот бил застрелан чуварот во училиштето, но и дека меѓу загинатите има и ученици.

Бројни родители пристигнале во кругот на училиштето, чии приоди се затворени од полицијата. Училиштето е лоцирано во централното подрачје на Белград и во него учат ученици од прво до осмо одделение.

(Делови од содржините во оваа информација се преземени од Асошиејтед прес)