Републиканците во Претставничкиот дом тесно ја усвоија легислативата за задолжување, обидувајќи се да го поттикнат претседателот Џо Бајден да преговара за федералните трошоци.
Ова е почеток на напорите да се избегне потенцијално катастрофално неисполнување на државниот долг ова лето.
Бајден се закани дека ќе стави вето на нацрт-законот за буџетските ограничувања што се предвидени.
Претседателот вели дека би сакал да разговара со спикерот Кевин Мекарти, но оти нема да преговара за законските должнички обврски на Америка.
Планот на Републиканците ќе го зголеми лимитот на долгот за 1,5 трилиони долари во замена за големи ограничувања на трошоците на кои се спротивставуваат демократите.
Белата куќа инсистира дека ограничувањето на долгот мора да биде укинато без никакви услови за да се осигура дека Америка ги плаќа своите сметки.
Извор: АП