Не очекувајте дека ќе биде заборавено, рече Зеленски за обезглавувањето на украинскиот војник

Украинските власти отворија истрага за видеото на социјалните мрежи на кое наводно се гледа како еден од војниците на Киев е обезглавен.

Новинските агенции не можеа веднаш да ја потврдат автентичноста на видеото. Но, украинскиот претседател Володимир Зеленски во видеопорака рече: „Има нешто што никој во светот не може да го игнорира: колку лесно убиваат овие ѕверови“.

Зеленски рече дека видеото покажува егзекуција на украински заробеник и дека сите мора да реагираат. „Не очекувајте дека ќе биде заборавено, дека времето ќе помине“.

Официјалните лица го проучуваат видеото за да ги идентификуваат одговорните, како и да ја идентификуваат жртвата.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков, ја нарече снимката „ужасна“, но рече дека нејзината автентичност треба да се потврди.

Дел од информациите се преземени од АП, Франс-прес и Ројтерс