Производството на струја од обновливи извори на енергија го надмина јагленот во САД

Ветерот и сончевата енергија ќе бидат два основни ресурса за зголемувањето на чистата енергија во САД, велат експертите

Администрацијата за енергетски информации на САД објави дека електричната енергија произведена од обновливи извори го надмина производството на електрична енергија од јаглен во САД за прв пат во 2022 година, пренесе Асошиетед прес.

Ветерот и сончевата енергија значително го поттикнаа зголемувањето на обновливите извори на енергија и експертите велат дека овие два ресурса ќе бидат основа на зголемувањето на чистата енергија во САД поради нивната доверливост и достапност.

Обновливите извори на енергија го поминаа производството на нуклеарна електрична енергија за прв пат во 2012 година и продолжија да го надминуваат.