Финска денес објави пакет помош од 169 милиони долари за Украина, кој вклучува три тенкови Леопард 2.
Министерството за одбрана на Финска соопшти дека тенковите се опремени за деминирање и дека пакетот помош вклучува обука за нивно користење и одржување.
Најавата доаѓа еден ден откако Шпанија соопшти дека ќе испрати шест свои тенкови Леопард 2А4.
Тенковите од германско производство се дел од бранот тенкови што се испраќаат во Украина откако украинските власти побараа воена помош за борба против руските сили.
Германија првично се спротивстави на одобрувањето на трансферите поради загриженоста за ескалација на конфликтот, но им кажа на сојузниците кои ги имаат тенковите дека можат слободно да ги испратат во Украина.
На бојното поле, британското Министерство за одбрана изјави денес дека постои реална можност руските сили да се подготвуваат да започнат нова офанзива во областа Вуледар, во провинцијата Доњецк.
Британското Министерство за одбрана соопшти дека командантот на групата руски сили, најверојатно одговорен за операцијата, „веројатно е под силен притисок да ги подобри резултатите по острите критики од руската националистичка заедница по претходните неуспеси“.
Некои информации за овој извештај се од агенцијата Франс прес и Ројтерс.