Првата дама на САД Џил Бајден оди во Африка да го истакне проблемот со недостиг на храна

Таа ја посети Африка пет пати како втора дама, а овојпат ќе се фокусира и на зајакнувањето на жените и проблемите на децата

Џил Бајден патува во прва посета на Африка како прва дама на САД, со план да ги посети југозападната африканска држава Намибија и источноафриканската држава Кенија.

Таа ќе се фокусира на зајакнувањето на жените, проблемите на децата и несигурноста со храната што опустоши делови од континентот.

Џил Бајден ја посети Африка пет пати како втора дама, истакнувајќи ја маката на немоќните.

Во декември, претседателот Џо Бајден објави хуманитарен пакет од 2 милијарди долари за борба против проблемот со гладата во регионот.

„Помошта ќе помогне да се осигура дека децата и семејствата нема да мора да одат во кревет гладни“, рече тогаш Бајден.