НАТО Алијансата вчера потврди дека нејзиниот долгогодишен шеф Јенс Столтенберг ќе ја напушти функцијата во октомври, започнувајќи нова рунда шпекулации за неговиот наследник.
Дипломатите во Брисел велат дека нема консензус за тоа кој треба да го замени поранешниот норвешки премиер како највисок цивилен функционер на западната алијанса.
Некои сојузници го разгледуваа планот за продолжување на неговиот веќе 9-годишен мандат за да го надгледува одговорот на НАТО на кризата предизвикана од руската војна против Украина.
Но, вчера, набргу откако Столтенберг се врати од состаноците на високо ниво во Вашингтон, неговата портпаролка потврди дека тој ќе ја напушти функцијата подоцна оваа година.
„Мандатот на генералниот секретар Јенс Столтенберг беше продолжен трипати и тој беше вкупно речиси девет години“, рече портпаролката Оана Лунгеску. Мандатот на генералниот секретар истекува во октомври оваа година и тој нема намера да бара ново продолжување на мандатот.
Одлуката на 63-годишниот Столтенберг да замине отвора трка меѓу високите европски функционери да го заменат, со тоа што владите веќе дискретно нудат кандидати преку медиумите.
Шпекулации дека можеби жена ќе биде наследник на Столтенберг има уште од февруари 2022 година, кога Столтенберг беше именуван за иден шеф на норвешката централна банка, од која подоцна се повлече.
Извор: Агенција Франс-прес