Иранскиот пејач, кој се соочува со затвор, доби Греми за протестната химна

Во стиховите на песната се наведени причините зошто младите Иранци протестираат против владејачката теократија во Иран

Иранскиот пејач Шервин Хаџипур, кој се соочува со можна затворска казна за неговата песна која стана химна на тековните протести во Исламската Република, заплака рано утрово откако виде дека освоил Греми.

Во видео објавено онлајн, тој изгледа изненаден откако ја слушна првата дама на САД Џил Бајден, како објавува дека освоил Греми за социјални промени. Во видеото, во затемнета просторија, се гледа како тој како ги брише солзите по објавата.

Во стиховите на песната се наведени причините зошто младите Иранци протестираат против владејачката теократија во Иран.

По објавата на песната, Хаџипур беше уапсен и задржан неколку дена пред да биде ослободен со кауција во октомври.

Обвиненијата со кои се соочува Хаџипур може да донесат дури шест години затвор. На пејачот му е забрането да го напушта Иран.

Извор: АП