ОН: Иран има нова опрема за збогатување ураниум, Техеран негира

Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, во изјава рече дека промената е „неконзистентна со обврските на Иран“ од Договорот за неширење на нуклеарното оружје и ја поткопува способноста на МААЕ да „спроведе ефективни заштитни мерки“ на локацијата Фордоу.

Иранската организација за атомска енергија го отфрли извештајот на нуклеарното набљудување на Обединетите нации во кое се вели дека Иран направил непријавена промена на опремата за збогатување ураниум во неговата фабрика Фордоу.

Меѓународната агенција за атомска енергија ИАЕА соопшти дека нејзините инспектори пронашле модификација на интерконекција помеѓу два кластери центрифуги што е суштински различно од она што Иран и го пријавил на агенцијата.

Шефот на МААЕ, Рафаел Гроси, во изјава рече дека промената е „неконзистентна со обврските на Иран“ од Договорот за неширење на нуклеарното оружје и ја поткопува способноста на МААЕ да „спроведе ефективни заштитни мерки“ на локацијата Фордоу.

Иранските државни медиуми го цитираа Бехруз Камалванди, портпарол на Асоцијацијата за атомска енергија на Иран, кој рече дека извештајот на МААЕ се заснова на грешка направена од нивни инспектор, кој по грешка го означил проблемот и дека прашањето е решено.

Некои информации се од агенцијата Франс прес и Ројтерс.