Лидерите на Европската унија пристигнаа во четвртокот во Киев со порака за поддршка на украинскиот народ, додека претседателот на Украина предупреди на притисок од страна на руските сили пред една година од руската инвазија.
„Тука сме заедно за да покажеме дека ЕУ стои до Украина цврсто како и секогаш и дека понатаму ќе ја продлабочуваме нашата поддршка и соработка“, напиша претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на Твитер.
Шефот за надворешна политика на ЕУ Џозеф Борел рече дека делегацијата е во Киев за да ја пренесе „најсилната порака за поддршка на ЕУ до сите Украинци кои ја бранат својата земја“. Тој додаде дека ЕУ е со Украина од почетокот на руската војна и „сеуште ќе застане до вас за да победите“.
Лидерите на ЕУ и Украина треба да се сретнат на самит во петок за да разговараат за одговорот на ЕУ на конфликтот, напорите за реконструкција и помош, глобалната безбедност на храната и апликацијата на Украина за пристапување во ЕУ.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно обраќање во средата рече дека Русија се обидува да постигне некои придобивки на бојното поле што ќе ги покаже на првата годишнина од војната на 24 февруари.
Руските сили со месеци се обидуваат да обезбедат контрола врз Бахмут, во провинцијата Доњецк.
Во Краматорск, спасувачите бараа преживеани откако руски проектил уништи станбена зграда. Во нападот загинаа најмалку три лица, а 20 други беа ранети.
Соединетите Американски Држави на црната листа во средата додаоа повеќе деловни функционери поврзани со руската војна против Украина, насочени кон трговец со оружје, неговиот син и група компании ширум Азија, Европа и Блискиот Исток, бидејќи се обиделе да и помогнат на Москва да добие повеќе оружје за својата речиси една година долга борба.
Одделот за финансии на САД објави санкции против рускиот дилер на оружје Игор Зименков, неговиот син Џонатан и компаниите поврзани со „мрежата Зименков“ во Сингапур, Кипар, Бугарија и Израел, меѓу другите земји.
Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс прес.