Хонг Конг од денес го забрани маслото од канабис

Денес стапи на сила новиот закон кој го карактеризира маслото од канабис, попознат како ЦБД, како „опасна дрога“ еднаква на онаа на хероин, кокаин и фентанил. Но, за разлика од ТХЦ, психоактивната хемикалија која се наоѓа во канабисот, го зголеми бројот на корисници и порасна во светска популарност како алтернативен лек за ослободување од болка и воспаление или стрес и анксиозност.

Според новиот закон што беше усвоен од законодавниот дом на Хонг Конг минатата година, секој што ќе биде фатен дека поседува производи со ЦБД може да се соочи со казна затвор до седум години и парична казна од повеќе од 127.000 долари. Секој кој ќе биде фатен и осуден за увоз или извоз, може да биде казнет доживотен затвор и парична казна од повеќе од 637.000 американски долари.

Хонг Конг има строга политика на нулта толеранција кон опасните дроги. Властите како причина за новиот закон ја наведоа загриженоста дека производите на ЦБД би можеле да бидат контаминирани со ТХЦ. ЦБД е исто така забранет во континентална Кина.

Забраната принуди многу бизниси во Хонг Конг кои продаваа производи со ЦБД или да ги отстранат производите од нивните полици или целосно да ги затворат своите бизниси.

Некои информации за овој извештај се од Асошиетед прес, агенција Франс прес.