Алијанса за Албанците влегува во владата, најави нејзиниот лидер по двочасовниот состанок со премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски. „Шансите Алијанса да стане дел од владата се огромни“ – рече Арбен Таравари, кој во одговорите пред медиумите, настапи како работата да е готова и дека само се чека во наредните денови да заврши распределбата на министерските позиции. Информациите се дека Алијанса може да добие дури 3 ресори.
Your browser doesn’t support HTML5
„Генерално, 90 проценти од програмските определби се синхронизирани. За кадровските решенија не зборувавме, се надевам дека во наредните денови ќе ги отвориме и кадровските решенија, зборувавме за програмските определби на нашата партија и на владата и работите кои ќе ги треба да ги истераме заедно во периодот до крајот на мандатот на оваа влада. Воопшто не зборувавме за кадровски решенија, но се надевам дека за 2 до 3 дена и тоа ќе се затвори што поскоро“, рече Таравари.