Мечка која се заглавила во автомобилска гума била спасена од работниците за итна помош во руската област Москва.
Персоналот од единицата за брза реакција на Центарот за спасување го заспало животното тешко 400 килограми, по име Фјодор, и ја пресекле гумата.
Им биле потребни околу седум минути за да ја ослободат мечката.
Руското Министерство за вонредни состојби на својот канал Телеграм објави дека инцидентот се случил во Националниот коњички парк Рус, на околу 35 километри југоисточно од центарот на Москва. (Ројтерс)