Украина е подготвена за праведен мир, вели амбасадорката на Украина во САД Оксана Маркарова

Ukraine's Ambassador Oksana Markarova

Во интервју за Гласот на Америка на украински јазик, амбасадорката на Украина Оксана Маркарова разговараше за потребите на Украина кои можат да доведат до ублажување или крај на војната.

Глас на Америка: Што очекувате од овој самит?

Оксана Маркарова: Очекуваме поголема безбедносна помош од Соединетите Држави и очекуваме да добиеме повеќе одлуки од другите членови на групата. Очекуваме повеќе од 50 земји да земат учество. Секоја фаза од битката бара различни способности. За жал треба да се дејствува брзо. Сега ни треба повеќе оружје, така што ова е она што го разговараме со нашите партнери. Ова е она што ни треба и се надеваме дека повеќе воздушна одбрана повеќе артилерија, повеќе различни типови на оклопни возила и тенкови е сето она што го дискутираме, колку повеќе можеме да добиеме и побрзо можеме да го примиме, толку побрзо ќе можеме да ставиме крај на оваа војна.

Глас на Америка: Кое е вашето најголемо прашање на воениот фронт?

Оксана Маркарова: Брзината на достава. Но, се разбира противвоздушната одбрана затоа што треба да одбраниме што повеќе Украинци, така што нашата одбрана секако е приоритет. Повеќе огнена моќ како што знаете, војната не запира. И на исток и на југ сè уште траат многу тешки битки. И не се работи само за територијата. Знаеме што се случува, какви ужасни ѕверства се случија под руската окупација. Така што секој ден за нас што можеме да го ослободиме е ден за спас на нашиот народ. Значи, без оглед на напредното оружје, каква и да е артилериска огнена моќ, оклопни возила и тенкови, ние би биле благодарни за сето тоа. Но, всушност знаете, тоа е прилично голем опсег. На способности.

Глас на Америка: Што им велите на оние кои прашуваат зошто едноставно не преговарате со Русија и не дојдете до некаков договор за да се стави крај на сето ова страдање?

По 329 дена војна на ужасни ѕверства на сите можни и невозможни воени злосторства што ги направи Русија, за што треба да преговараме?
Амбасадорка на Украина во САД Оксана Маркарова

Оксана Маркарова: По 2014 година кога Русија не нападна за прв пат, Украина не само што беше подготвена, туку и активно преговараше осум години, требаше едноставно да ни ја вратат територијата, за што ги имавме сите права. Украина избра дипломатија и преку преговори преговараше и го врати нашиот територијален интегритет. Наместо да го прави тоа, Русија одлучи да започне целосна војна и го искористи целото време на преговори за да се подготви за оваа војна. Така сега по триста и дваесет и девет дена војна на ужасни ѕверства на сите можни и невозможни воени злосторства што ги направи Русија, за што треба да преговараме? Украина е подготвена за праведен мир. Украина го сака овој мир повеќе од кој било друг. Но, за оваа војна да престане, Русија мора да ја запре. Но, ако престанеме да се бориме, како што нашиот народ со право вели, тогаш нема да има Украина. Така, повторно, постои мировен план што претседателот Солински го предложи, тоа е мировен план од 10 чекори. Тоа е многу сеопфатен план што може да се изврши во секое време.

Она што ни треба е сите ние колективно да испратиме многу јасна порака за Русија, дека не е во ред во 21 век да се обидува да ги прекрои меѓународно признатите граници со сила.

Глас на Америка: Што може да направите во однос на невоената помош?

Оксана Маркарова: Прво, тоа е секако воена и безбедносна помош. Второ е енергетската поддршка затоа што повторно од октомври кога Русија конкретно го направи ова воено злосторство уништувајќи, особено во студените времиња, дистрибуцијата и производството на енергија во земјата, сега ни треба сета поддршка за тоа. Ни требаат и сите други видови хуманитарна и буџетска поддршка. На нашите луѓе им требаат места за живеење. Исто така, би рекла дека санкционирањето на Русија и изолирањето на Русија е голема поддршка не само за Украина, туку и за сите нас кои ги делиме истите вредности. Значи, колку повеќе санкции можеме да примениме за оние кои се одговорни за оваа активност, за руските компании, за компаниите кои всушност ја финансираат или се вклучуваат во оваа војна. Русија создава криза не само за Украина. Тука е и кризата со храна што ја создадоа. Украина отсекогаш била многу доверлива и сè уште е доверлив производител и снабдувач на храна за толку многу наши пријатели и сојузници ширум светот, а Русија не само што ја започна оваа војна, не само што ја уништи жетвата, не само што ги уништи складиштата туку и го блокираше Црното Море. Сега, бидејќи Украина е одговорна и би сакала да им помогне на сите и да ја испорача нашата стока, знаете дека ние успеавме заедно со ОН да го постигнеме овој зелен договор со Русија и постојано се обидуваме да не го прекршиме. Но Русија со напаѓањето на цивилното население за да се создаде оваа миграциска криза, енергетската криза, влијае и на другите соседни земји.

Секоја фаза од битката бара различни способности. За жал треба да се дејствува брзо. Сега ни треба повеќе оружје
Амбасадорка на Украина во САД Оксана Маркарова

Значи, колку побрзо сите можеме да се собереме и да ја запреме Русија, толку побрзо можеме да ја запреме оваа криза. И Украина, исто така, ќе биде решение за сите овие потенцијални предизвици. На глобално ниво, можеме да бидеме многу поголем снабдувач на храна. Можеме да бидеме снабдувач на енергија. Можеме да бидеме многу одговорен и доверлив партнер за толку многу земји на снабдување поради нашите ресурси и поради луѓето што ги имаме. Но, мора да победиме за да стигнеме таму.

Во полн обем како што САД прават или учествуваат заедно со нас во „Зелениот договор“ на Украина или помагаат со хуманитарна помош или помош во некои други земји кои ни помагаат, сето тоа ќе биде многу важно за враќање на мирот и безбедноста не само во Украина или во Европа, туку и на глобално ниво, бидејќи сите закони кои се воведени по Втората светска војна треба да се обезбедат. Меѓународните правила се таму за да не заштитат сите нас, без разлика на големината на земјата, без разлика дали имате нуклеарно оружје или не, а Русија сите тие правила ги прекрши.