Група на конзервативните американски пратениците гласаа денес против својот колега републиканец, Кевин Мекарти, да стане следниот спикер на Претставничкиот дом, ускратувајќи му ја првата победа на гласањето на отворањето на 118-та седница на Конгресот.
Тоа беше прв пат во 100 години ниту републиканец ниту демократ да не го освои спикерското место на Претставничкиот дом во првиот круг гласање за да стане лидер.
Републиканците имаат тесно мнозинство во Претставничкиот дом со 222 спрема 212, со едно актуелно празно место, кое бара од Мекарти, пратеник од Калифорнија, да освои најмалку 218 гласови за да го преземе претседателското место.
Но, 19 републиканци, од кои многумина во последните недели изразија став дека Мекарти не е доволно конзервативен за да ги води републиканците во Домот, гласаа за други републикански пратеници, вклучително и претставниците Енди Бигс и Џим Џордан, двајца гласни противници на демократскиот претседател Џо Бајден.
Пред да започне вториот круг на гласање, Џордан го поддржа Мекарти. За возврат, претставникот Мет Гаец го номинираше Џордан.
Првото пребројување на гласовите за претседателската функција беше всушност предводено од демократскиот претставник Хаким Џефрис, при што сите 212 демократи гласаа за него, додека 203 републиканци гласаа за Мекарти, 15 помалку од 218 што му беа потребни.
57-годишниот Мекарти, со години се обидува да го води Домот. Во текот на последните неколку недели, тој постојано беше во контакт со своите републикански „непријатели“ за да ја обезбеди нивната поддршка за неговата кандидатура за претседател.
Кој и да го изберат републиканците, Мекарти или некој друг, ќе ја замени претседателката на Претставничкиот дом на демократите во заминување Ненси Пелоси, која останува член на Претставничкиот дом и го даде својот глас за Џефрис.