„Господe, те сакам“, биле последните зборови што ги изговорил папата Бенедикт

„Господe, те сакам“, биле последните зборови што ги изговорил почесниот папа Бенедикт непосредно пред неговата смрт, според извештајот на веб-страницата „Ватикан њуз“.

Личниот секретар на пензионираниот папа, надбискупот Георг Гансвајн, рече дека медицинската сестра била единствената личност со Бенедикт во тоа време.

„Не бев таму во моментот, но медицинската сестра ми кажа за тоа набргу потоа“, рече Гансвејн. „Ова биле неговите последни разбирливи зборови.

Посмртните останки на Бенедикт ќе бидат положени во базиликата Свети Петар од понеделник до среда, а неговиот погреб ќе биде во четврток.

Бенедикт, роден Џозеф Рацингер, беше првиот папа во последните 600 години што се повлече од својата функција во Ватикан. Пензионираниот папа живеел зад ѕидините на Ватикан речиси 10 години.

Тој имал 95 години во моментот на неговата смрт.