Дента кога се уапсени имале собрано речиси 500 евра поткуп од лица кои ја минувале границата. Групата оперирала две години, имала интерен тарифник и за секој прекршок можело со нив да се договори колку треба да се плати. Командирот на полициската станица внимавал „неговите“ да бидат во кабините каде што има најголема фреквенција на возила и патници.
СКОПЈЕ - Шестмина во притвор, дванаесетмина полициски службеници под истрага и запленети речиси 16 илјади евра. Ова е епилогот од завчершната акција на МВР и Обвинителството за гонење на организиран криминал во која беше разбиена криминална група составена од полициски службеници на граничниот премин „Табановце“ која со години барала и земала поткуп за да замижи пред прекршоците и неправилностите.
Приведените полицајци вчера беа изведени пред судија во скопскиот Кривичен суд кој на барање на Обвинителството на тројца им изрече триесетдневен притвор, на двајца осум денен притвор а еден заврши во куќен притвор. За останатите осомничени полицајци се изречени други мерки.
Од обвинителството соопштија дека четвроцита од групата се товарат за злосгторничко здружување и примање поткуп додека останатоте ќе одговараат за злоупотреба на службената положба и овластувања.
Злосторничкото здружување го формирал сегашниот командир на полициската станица уште во 2020 година кога бил раководител на смена.
„Првоосомничениот, како раководител на смена, а потоа и како командир на ПС ги распоредувал или влијаел да бидат распоредени останатите тројца осомничени на работни места во кабини каде што има поголема фреквенција на патници за влез и излез од државата. Тројцата како полициски службенци кои вршеле пасошка контрола имале задача да бараат и примаат подарок од 5, 10 ,20 или 30 евра за себе и за првоосомничениот за да извршат службено дејствие кое не смееле да го извршат – да пропуштат возила што немале зелен картон за влез и за излез во државата, немале полномошно за управување со возилата, немале патни исправи, возачки дозволи или друг задолжителен документ. Од примените парични средства секој месец на првоосомничениот му давале по 150 евра“, соопштија од Обвинителството.
Завчера вечер тимови на специјалната полициска единица ЕБР и Обивнителството почнаа со претсери во слуѓбениците простории на полицискита станица на граничниот премин, во кабините на преминот и во домовите на осомничените. Во кујата во полициската станица во метална лименка се најдени 420 евра и 20 франци поткуп кои дената кога е изведена акцијата корумпираните полицајци ги собрале како потпуп.
„ При претресите на осомничени лица, во нивните домови, останати поростории и возила, пронајдени и одземени се 16.413 евра во различни апоени, 219.195 денари, 60 швајцарски франци и 375 српски динари. Најголема количина пари биле пронајдени при претресот кај Х.К., односно вкупно 15.885 евра и 30 швајцарски франци. Исто така, при претресите беа пронајдени и 23 парчиња муниција од 9 милиметри, подароци и други предмети кои ќе бидат користени во кривичната постапка“, информираат од МВР.
Акцијата за приведување на осомничените полицајци и претсреите траеше неколку часа поради што граничниот премин „Табановце“ беше затворен за сообраќај и се создаде поголема колона на возила и патници кои негодуваа поради времето минато во чекање на преминот.