Османи: Алијансата ја анализира ситуацијата со сајбер заканите, државата е стабилна

Шефот на дипломатијата е дециден дека станува збор за хибридни напади во регионот врз држави членки на Алијасната и дека не се работи за тинејџерска игра. Алијанската нема механизми да ги открие испраќачите на заканувачките пораки, тоа треба да го стори МВР, појасни Османи


СКОПЈЕ – По добиената официјална информација од македонските власти Алијансата почна со анализа на заканите за поставени бомби во Македонија но и во државите членки од регинот кои се соочуваат со сајбер напади за кои надлежните се уверени дека се хибридна војна. Сепак НАТО нема официјални механизми за директно справување со заканите и откирвање на испраќачите и тоа е задача на МВР чија истрага треба координира со партнерските безбедносни служби со оглед дека мејловите со заакани за поставени бомби доаѓаат од странски ИП адреси, смета шефот на дипломатијата Бујар Османи.

Тој на денешниот брифинг со новинарите соопшти дека безбедносната состојба во државата е стабилна но и дека ја разбира загриженоста на граѓаните.

„Фактот дека таргет се две или три членки на НАТО е информирана Алијансата. Тоа ми беше индикација. Алијансата ја информиравме не поради потребата НАТО да дојде и да ја спроведе истрагата бидејќи ги нема тие механизми туку поради регионалниот контекст. Ние бевме во комуникација со МВР во смисла како да пристапиме во однос на барање на поддршка и ние на МВР им кажавме дека НАТО не е адресата за конкретно ова прашање, затоа што ова бара полициска истрага со цел да се најдат сторителите“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи

За Османи нема дилема дека станува збор за за хибриден напад а не игра на тинејџери и хакери а за тоа се доказ случувањата во Црна Гора каде наставата повторно е он лајн и во Албанија каде се укредни огромни дата бази со лични податоци кои систематски се објавуваат во јавноста.

За предупредувањето на германското МНР, германските државјани да бидат претпразливи доколку патуваат во Северна Македонија, шефот на дипломатијата кажа дека е стандардна процедура со оглед на моменталната ситуација и дека македонското МНР би излегло со истата препораката доколку ситуацијата беше обратна.

Во Северна Македонија има недостаток од стручен кадар на полето на сајбер безбедноста, недоволно опрема за заштина и не се инвестира на ова поле. Токму затоа и нашата држава се најде на удар и е потребно долго време да се откријат испраќачите на пораките. Како пример Османи го наведе токму неговото министерството кое минатата година беше цел на напад на руска хакерска група поради што тој повикал експерти од САД кои ги лоцирале пропустите во системот и посочиле што треба да се набави од опрема.

„Повикавме партнерски екипи од САД кои направија дијагноза и дадоа точен акциски план со краткорочни, среднорочни и идолгорочни мерки и софистицирана опрема. Констатацијата од експертите кои тука доаѓаат за пропценка се дека најкритичен момент се човечките ресурси. Државните институции не се атрактивни за ИТ експерти. Платите се ниски и нема политика на задржување. ПОвеќето експерти си заминуваат во приватниот сектор “, објасни Османи.

Првата закана за поставена бомба во училиште во Скопје беше испратена а 26 октомври. Бројката на заканите но и на објектите во кои наводно се поставени бомби постојано расте за завчера мејл за поставена бопмба да биде испратен во дури 49 основни и средни училишта во Скопје и Куманово. Во меѓувреме таргет станаа и државни институции – нардоната банка, МНР, полициската станица Центар, хотели, стадиони, трговски центри и најголемиот станбен комплекс во Скопје – „Џевахир“.

МВР досега има открени еден сторител, малолетник од Скопје кој од домашниот компјутер на почетокот на мианиот месец испратил заканувачка порака до четри средни училишта во Скопје.