САД планираат да издвојат 55 милијарди долари за Африка во следните три години, според официјални претставници на Белата куќа.
Соопштението доаѓа додека администрацијата на претседателот Џо Бајден е домаќин на дводневна средба со африканските лидери.
Тригодишното ветување за финансирање на САД содржи 20 милијарди долари за здравствени програми во Африка.
Говорејќи со африканските лидери вчера на бизнис форум, претседателот Бајден рече дека САД се засегнати за иднината на Африка и тој најави нови трговски можности и инфраструктурни обврски, вклучително и за чиста енергија и дигитална економија.
„Подобрувањето на инфраструктурата во Африка е од суштинско значење за нашата визија за градење посилна глобална економија која може подобро да ги издржи видовите шокови што ги видовме во изминатите неколку години“, рече Бајден.
Американскиот претседател се соочува со критики поради тоа што не комуницирал поединечно со африканските лидери при посетата.
Претставници на администрацијата велат дека наскоро Бајден, потпретседателката Камала Харис и други претставници од администрацијата поединечно ќе ја посетат Африка за детални дискусии.