Уверен сум дека Шведска и Финска ќе влезат во НАТО брзо, рече Блинкен

Застој во нивното пристапување прави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ја обвинува Шведска дека е рај за терористи

Државниот секретар Ентони Блинкен им посака добредојде на своите шведски и фински колеги во Стејт департментот, каде главното прашање беа апликациите на двете земји за влез во НАТО.

Двете земји имаат долга историја на воена неутралност, но тоа се промени откако Русија ја нападна Украина минатиот февруари.

Блинкен рече дека Шведска и Финска ги споделуваат вредностите на НАТО и веќе се интегрираат во Алијансата додека чекаат одобрение од сите 30 земји на НАТО.

Застој во нивното пристапување прави турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој ја обвинува Шведска дека е рај за терористи. Блинкен рече дека напорите за решавање на пречките се во тек.

„Турција покрена важни безбедносни проблеми во овој процес и процесот се користи ефективно и продуктивно за да се одговори на тие проблеми. И јас нема да зборувам во име на ниту еден од моите колеги за тоа, освен да кажам, како што го набљудувавме, она што двете земји го направија во ангажманот со Турција, и со НАТО, е да ги решат тие грижи“, рече Блинкен.

Тој истакна дека е уверен оти НАТО наскоро ќе може да ги пречека Финска и Шведска како членки.