Руски беспилотни летала и артилерија ја гранатираа централна Украина

Руските сили нападнаа неколку украински региони со камикази беспилотни летала и тешка артилерија, соопштија официјални лица, при што загинаа две лица, а неколку други беа ранети, додека тешките борби продолжија на истокот еден ден откако Москва го обвини Киев дека погодил аеродром во Русија.

Во Керсон, руските војници го гранатираа регионот 51 пати претходниот ден, при што загинаа две лица, изјави Јарослав Јанушевич, шеф на регионалната воена администрација.

Гувернерот на Днепропетровск Валентин Резниченко изјави дека сите руски беспилотни летала биле уништени од украинските сили во нападот во текот на ноќта.

„Воените луѓе од воздушната команда на Истокот завршија одлична работа. Ги соборивме сите осум непријателски беспилотни летала што непријателот ги упати кон областа“, напиша Резниченко на Телеграм.

Тој рече дека руското гранатирање биле насочени кон областа и градот Никопол, предизвикувајќи штета на гасоводи, куќи, згради и фарми, но немало повредени.

Руските трупи гранатираа и две населби во регионот Запорожје, изјави шефот на регионалната воена администрација Олександр Старук.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен денес изјави дека Соединетите држави „ниту ги охрабрувале, ниту им овозможиле на Украинците да напаѓаат внатре во Русија“, откако руски аеродром беше гранатиран со напад на беспилотно летало на 6 декември, еден ден откако Русија соопшти дека две од своите воздушни бази, биле погодени со беспилотни летала.

Блинкен додаде дека е важно да се разбере низ што живеат Украинците секој ден со „тековната руска агресија“, обвинувајќи ја Русија за нападите врз цивилната инфраструктура.

Официјални лица во рускиот град Курск, околу 90 километри северно од границата со Украина, објавија слики од црн чад над аеродромот, каде што гувернерот рече дека резервоарот за складирање нафта се запалил.




Некои информации во овој извештај се од Асошиетед прес и Ројтерс.