В година може да има театарски претстави на Самуиловата тврдина

Последните неколку години се работи на истражувања на делови од тврдината

Со последните истражувања на еден од најпосетуваните културно-иториски локалитети во Охрид, Самуиловата тврдина, беше откриена архитектура која е дел од поголем комплекс на градби кои припаѓале на доцниот османлиски период, како и фрагменти од керамички садови, делови од глеѓосани зргафито чинии, луксузни лулиња, монети и други предмети, кои го бележат секојдневниот живот на населението кое живеело на овие простори во периодот од доцната антика па се` до доцниот османлискиот период.

За првпат беше извршено и фотограметриско снимање на северната и јужната половина од Цитаделата. Последните неколку години се работи на истражувања на делови од тврдината.

„Сето ова е доказ дека на овој простор, подолг временски период се одвивал живот“, вели Анатоли Арнаудовски, археолог и раководител на проектот.

Идејата е по ревитализација на просторот, овде повторно, можеби од наредната годна, да се одржуваат театарски претстави и други културни настани, како во минатото.

Инаку најголемите археолошки истражувања на Самуиловата тврдина, почна во 2000 година, и тоа на културните слоеви од нејзината внатрешност, кога беа откриени многу значајни наоди и артефакти, помеѓу кои „златна маска“ и „златна ракавица“,кои датираат од петтиот век пред нашата ера.