Ако и в година доцни доставата на учебници ќе сносам одговорност, рече министерот Шакири

Ако следната учебна година се случи иста ситуација со процесот на достава на учебниците, ќе треба некој да сноси одговорност, кој било, почнувајки од мене, од директорот на педагошкатата служба, рече меѓудругото министерот за образование во интервју за Глас на Америка.​

Глас на Америка: До кога учениците ќе следат настава без учебници?

Јетон Шакири: Ние оваа година ја продолживме новата концепција, што подразбира дека има нови наставни програми за учениците кои учат во 2 и 5 одделение. Претходната година една од дискусиите беше дали да има дигитални учебници и дали да има печатени учебници. Јас како министер одлучив да има печатени учебници, за кои печатени учебници и не беше лесен процесот. Затоа што немавме Национален совет за учебници, кој се формира со владина одлука и ги чекавме предлозите од сите универзитетски професори, кои се дел од Националниот совет. За први септември ние ги доставивме тие материјали подготвителни, кои се подготвени од Бирото за развој на образованието, претходната учебна година. И во тој период истовремено беа две постапки, едната за економскиот оператор и другата за одобрување на учебници. И во моментот додека ние зборуваме, во добра соработка со Националниот совет, педагошката служба и министеротството повеќе од 80 отсто од учебниците се одобрени од Националниот совет за учебници. Но исто така и проблемот со економскиот опертор, кој се поврза со проблемот на ребалансот на буџетот. За оваа година беа предвидени дигитални учебници, што значи дека не беа предвидени буџетски средства за печатење на учебници. Требаше да се чека ребалансот на буџетот кој почна во јуни и траеше малку повеќе за да се испечатат учебници. Во сите градови сега овие 80 отсто од учебници веќе се испечатени и доставени. Јас очекувам кон крајот на оваа недела одреден процент да се достави и идната недела да заврши целата постапка на достава на веќе одобрените учебници.

Глас на Америка: Тоа значи дека во никој случај не се доцни со печатење на учебници?

Јетон Шакири: Јас сметам реално дека се доцни во овој процес со достава на учебници. Тоа што го надоместија подготвителните материјали, беше за доброто на процесот на децата, да не недостасуваат материјали за учење. Но тоа не го дозволува законот, затоа што учебникот е учебник. За оваа учебна година го направивме максимумот во овој временски рок. Јас ви гарантирам дека за другата учебна година за трето одделение за новата концепција наредната недела ќе биде повикот за автори. Најрано што може да завршат учебниците во Националниот совет за учебници ќе биде месец април и мај. Значи завршени и одобрени учебници. За шестто одделение оваа година ги очекувам програмите од бирото, веднаш што ќе се достават програмите ќе има повик за учебници. Во новиот предлог буџет веќе се предвидени средства за наредната учебна година да се организира постпаката за економски оператор во најбрз можен рок.

Глас на Америка: Дали за ова некој ќе сноси одговорност?

Јетон Шакири: Ако има и другата учебна година ќе треба да се сноси одговорност, било кој, почнувајќи од мене, од директорот на педагошкатата служба, но за оваа учебна година, така беше ситуацијата, така беше процесот на новата влада, тоа што го бараат граѓаните да се вратат печатените учебници. Печатените учебници се вратија и сите во овој процес го имаат дадено максимумот. И за тие други 20 отсто се` уште имаме проблем за некој предмет, во прво или четврто одделение, каде не можат да се усогласат Националниот совет со Бирото за развој на образованието, затоа што е процес.

Your browser doesn’t support HTML5

Реално сметам дека доцни процесот на достава на учебници, вели министерот за образование Шакири

Глас на Америка: Потребни ли се реформи на образовниот систем во државата, бидејки постои мислење и кај наставниците и кај родители дека учениците, особено во пониските одделенија, учат доста непотребен материјал и материјал кој е несоодветен за нивната возраст?

Јетон Шакири: Тоа што се однесува на новата концепција за прво, второ, четврто и петто одделение, имаме нови учебници кои што треба после доставување и после завршување на оваа учебна година да се вреднуваат какви се и каков материјал имаат тие учебници. Со новата концепција децата имаат повеќе можности за изборни предмети, тие да изберат предмети кои тие ќе ги посакаат највеќе. Резултатите од потребата за реформа на основното образование јас ќе ги очекувам после завршувањето на една генерација која почна со новата концепција.

Глас на Америка: До вас изминатиот период стигнаа повеќе барања да се продолжи зимскот распуст или да се скрати времетраењето на часовите. Има ли некаква одлука и што мислите во овој дел?

Јетон Шакири: Досега при крај на месец ноември, сите услови се да имаме настава со физичко присуство. Според податоците околу 240 училишта веќе се влезени во тој регулиран пазар што со одлука на влада се донесе одредена цена за основните и средни училишта. Што значи дека веднаш на овие училишта им се намалува трошкот, им се намалува сметката. Јас и на почетокот кажав дека ќе подржуваме само физичко присуство, зошто оваа моја одлука доаѓа и од гласот на учениците кои сакаат настава со физичко присуство. Ќе направиме се`. А некои општините во предлог буџетите за наредната година имаат предвидено дополнителни средства за оваа намена но и министерството има предвидено повисоки средства за блок дотации за да можеме да излеземе на крај. Мој заклучок е дека треба да продолжиме и со физичко присуство и во зимските месеци, но ако имаме проблеми со многу ниски температури во месец февруари кога треба да почнува второто полугодие ќе дискутираме тогаш.

Глас на Америка: До каде се преговорите со студентите и кој студентски домови ќе се реновираат?

Јетон Шакири: Имавме три состаноци со студенските собранија. Сега е во тек и повикот за студентски оброк. Сите се согласивме дека начинот на кој досега се реализира студентскиот оброк треба да го промениме. Ќе треба да го реализираме и така како што предвидува законот, да се потроши по дневна основа, не целосно таа сума. Во преговори сме со дел од банкарскиот сектор. Имаме и до некаде решение, каде со новиот предлог од месец март ќе имаме и добро решение, оброкот да е здрав. Што се однесува до студнетските домови на вториот состанок беа присутни и директорите на студентските домови. Директорот на студентскиот дом Пелагонија и директорот на студентскиот дом Скопје, каде влегува студентскиот дом Стив Наумов. Тие доставија и акциски план. Во тие проблеми кои беа најавени од студентите, сега тие можат сами да се уверат, дека има тековни градежни работи кои се реализирани. Јас како министер и министерството за образование имаме добиено проект од Германската развојна банка, кој се предвидува да се реализира во три фази. Првата фаза е 2023 година е за Стив Наумов еден дел да се почнува со градежни работи, 2024 ќе има друг дел и 2025 друг дел. Мислам дека со овој проект кој е повеќе од 20 милиони евра ќе се решава конечно проблемот со студентските домови во нашата земја. И во дел на буџетот се предвидени средства за реновирање на објектите, но тие буџетски средсва се намалени во претходниот буџет. Ако ние ги реализираме тие до месец јуни, ќе имаме можност да земаме и од други ресори, кои не ги имаат искористено средствата.

Глас на Америка: Останувате ли министер за образование по најавите на Алијанса за Албанците дека го бараат министерското место за образование, доколку влезе во Влада?

Јетон Шакири: Знаете дека се` уште нема ништо официјално. Јас сум министер за образование и наука и ќе работам целосно во моите можности во периодот додека бидам сум дел од министерството. Знаете дека официјално досега разговори за реосори нема, според тоа што е најавено од сите страни.