Макрон побара Русија да ја прекине војната во Украина

„Оваа војна е и ваш проблем затоа што ќе создаде многу дестабилизација. Помогнете ни да ја пренесеме истата порака до Русија“, рече Макрон на АПЕК.

Францускиот претседател Емануел Макрон апелираше до светските лидери да ја повикаат Русија да ја прекине војната во Украина.

Макрон го одржа главниот говор на Самитот на форумот на Азиско-пацифичката економска соработка (АПЕК) во петокот во Бангкок.

„Франција не се фокусираше само на поддршката на Украина - и ние ќе продолжиме - туку и на многу тесна соработка со различните земји, Кина, Индија и целиот регион, Блискиот Исток, Африка и Латинска Америка, за да се создаде зголемен консензус, истакна францускиот претседател.

„Оваа војна е и ваш проблем затоа што ќе создаде многу дестабилизација. Помогнете ни да ја пренесеме истата порака до Русија“, рече Макрон.

Форумот АПЕК има намера да ја промовира регионалната економска интеграција, преку поставување насоки за долгорочен развој на зоната за слободна трговија.