Неизвесно продолжување на Договорот за испорака на украинско жито; што е во залог?

Your browser doesn’t support HTML5

Дали ќе има застој на испораката на украинско жито, според Договорот под покровителство на ОН?

Како што известува Доријан Џонс од Истанбул, Турција работи да ја натера Русија да го обнови договорот во услови на раст на светските цени на храната.

Бродови со украинско жито засега стасуваат на светските пазари, благодарение на договорот меѓу Русија и Украина, постигнат со посредство на Обединетите нации, кој ја укина руската блокада на украинските пристаништа.

Но, аналитичарите велат дека кратката суспензија на договорот од Москва минатиот месец е предупредување дека претстојат тешки преговори за обновување на договорот на 19-ти ноември. „Тоа на Русија ѝ дава шанса да преговара и да се обиде да ги ублажи санкциите врз нејзиниот банкарски систем. Тоа е главниот напор на Русија сега, да ги ублажи санкциите.”, вели Заим Газимот од Универзитот во Бон.

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган доби меѓународна пофалба за помошта во посредување во договорот за жито и за помошта Русија да се врати во него минатиот месец.