Украинската државна енергетска компанија во соопшти дека ја ограничува употребата на електрична енергија во повеќе региони на земјата по руските напади во текот на ноќта насочени кон енергетската инфраструктура.
Укренерго објави дека штетата од ударите вклучува опрема во централниот дел на земјата. Се ограничува користење на електрична енергија за да се избегне преоптоварување на мрежата и да се олесни поправањето на оштетените објекти.
Новите напади на украинските енергетски локации дојдоа кога претседателот Володимир Зеленски им се заблагодари на работниците во енергетскиот сектор за нивните напори за стабилизирање на електричната мрежа. „Без разлика што прави непријателот, наша задача е да ги скршиме неговите планови и да ја заштитиме Украина. И ова не е само нечија задача, не се однесува само на енергетските работници или на кој било друг. Свесната потрошувачка на енергија сега им е потребна на сите Украинци“, рече Зеленски во своето ноќно обраќање во средата. Официјален претставник на Крим, инсталиран од Русија, во четвртокот рече дека нападот со беспилотно летало во текот на ноќта бил насочен кон термоцентрала на полуостровот анектиран од Русија.
Официјалниот претставник рече дека нема закана за напојувањето таму и дека нема жртви.