Резултатите по математика и читање во САД на историско ниско ниво поради пандемијата

Резултатите по математика имаат најголемо намалување досега, а резултатите од тестовите за читање паднале на ниво од 1992 година

Новите резултати од државните тестови покажуваат дека пандемијата предизвикала историски неуспеси во учењето за децата во Америка, објави Асошиетед прес.

Секоја сојузна држава забележала пад на резултатите по математика или читање во најновите резултати од националната оценка на образовниот напредок.

Резултатите по математика имаат најголемо намалување досега, а резултатите од читањето паднале на ниво од 1992 година.

Овој тест се смета за прва национално репрезентативна студија за влијанието на пандемијата врз учењето.

Секретарот за образование Мигел Кардона ги нарече резултатите неприфатливи, велејќи дека училиштата мора да ги удвојат напорите за да им помогнат на учениците да закрепнат.