Северна Македонија е умерено подготвена во областа на енергетската политика, има ограничен напредок со усвојувањето на Националниот план за енергија и клима и инвестициите во соларни електрани, но треба да ја забрза својата транзиција кон обновливи извори и значително да ја намали зависноста од гас, се констатира во Извештајот на Европската комисија (ЕК) за напредокот на државата
СКОПЈЕ – Преминот кон обновливи извори на енергија мора да се забрза бидејќи главниот енергенс за производство на струја е јагленот чии резерви се исцпруваат па затоа државата е се позависна од увозот, стои во извештајот на Европската Комисија (ЕК).Една од препораките е да се заврши раздвојувањето (сертификацијата) на системот за пренос на гас и да се зголеми бројот на вработени и техничкиот/инженерскиот капацитет во Секторот за енергетика во Министерството за економија и во Агенцијата за енергетика.
„Потребите за енергетска диверзификација стануваат итни, додека мерките за подобрување на енергетската ефикасност заостануваат. Економијата се карактеризира со висок енергетски интензитет со ниска ефикасност во производството и потрошувачката на енергија. Производството на електрична енергија е многу зависно од јагленот, а со намалувањето на домашните резерви на јаглен, од увозот. Владата планира да го зголеми уделот на обновливите извори на енергија на 35-45 отсто од потрошувачката на енергија до 2040 година Неопходное е да се процени количината на јаглен потребна за да се обезбеди добро функционирање на термоелектраната Битола, вклучително и инвестиции во нови ресурси. Државната компанија за производство на електрична енергија ЕСМ треба да го подобри работењето и одржувањето на капацитетите за производство на електрична енергија“ стои во Извештајот од ЕК.
Дивезификација на изворите на природен гас за производство на струја мора да има бодејќи во моментов државата е зависна од Русија и тоа преку едно поврзување а во моментов гасот сочинува околу 11 отсто од производството на електрична енергија.
„Имаше одложувања во формирањето и сертификацијата на независни оператори за пренос на гас, како предуслов за интерконекција со Грција и диверзификација на изворите на енергија. Земјата усвои петгодишна програма за имплементација на Стратегијата за развој на енергијата и интегриран Национален план за енергија и клима во мај 2022 година. Со оглед на енергетската криза, за Владата станува уште поважно да го зголеми својот административен капацитет во справувањето со енергетската политика, стратешкото планирање и спроведувањето на активностите во соодветните институции“, пишува во Извештајот.
Подобрување на енергетската ефикасност и во станбените и во зградите на јавната и локалната администрација е неопходно бидејќи ќе се намали потрошувачката на електрична енергија а со тоа и увозот и ќе се заштедат пари. Затоа се преорачува Северна Македонија да го усвои и спроведе законодавството за спроведување на енергетска ефикасност
„Залихите на нафта одговараат на 54 дена просечна дневна потрошувачка. Во тек е изградбата на нов 400 киловолтен интерконектор со Албанија. Капацитетите за интерконекција на границата со Грција и Косово билатерално се распределуваат преку централната аукциска канцеларија во Југоисточна Европа и други. Имплементацијата на патоказот за спојување со Бугарија чека на воспоставување пазар за ден однапред во земјата“, нотирано е во Извештајот на ЕК.
Според ЕК Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) е функционална и демонстрира регулаторна независност но Комисијата за заштита на конкуренцијата не спровела истрага во енергетскиот сектор.