Првата Индијанка од САД во вселената вели дека емоциите од гледањето на Земјата од вселената се огромни, со неверојатни сцени на бои и контраст на тоа колку Планетата е кревка, објави АП.
Никол Ман пристигна на Меѓународната вселенската станица на 6 октомври во мисија до март. Таа изјави за Асошиетед прес дека се чувствува горда што може да ги претставува домородните луѓе.
„Мислам дека е важно да препознаеме дека на Меѓународната вселенска станица има различни типови на луѓе, не само од различни земји, туку од различно потекло и различни националности. Тоа само ја истакнува нашата различност“, рече Ман.
Ман, поморски полковник и пробен пилот од Калифорнија, ги следи стапките на сега пензионираниот астронаут Џон Херингтон, кој стана првиот домороден Американец кој беше во вселената во 2002 година.