Се`уште фалат електронски пораки од вработени во Белата куќа на Трамп, објави Националниот архив

Националната агенција за водење евиденција, рече дека и покрај тековните напори на персоналот, електронските комуникации меѓу одредени неидентификувани функционери на Белата куќа сè уште не се под нивен надзор

Националниот архив на САД и Агенцијата за водење евиденција, ги информираа законодавците дека голем број електронски комуникации од вработените во Белата куќа на Трамп остануваат исчезнати, речиси две години откако администрацијата требаше да ги предаде.

Националната агенција за водење евиденција, во писмото во петокот до Комитетот за надзор и реформи во Претставничкиот дом, рече дека и покрај тековните напори на персоналот, електронските комуникации меѓу одредени неидентификувани функционери на Белата куќа сè уште не се под нивен надзор.

„Иако не постои лесен начин да се воспостави апсолутна одговорност, ние знаеме дека немаме старателство над сè што треба“, напиша Дебра Штајдел Вол, вршител на должноста американски архивар, во писмо до демократката Керолин Мелони од Њујорк .

Во писмото понатаму се наведува дека Националниот архив ќе се консултира со Одделот за правда за тоа како да се придвижи напред и да се повратат „незаконски отстранетите записи“.

Писмото доаѓа речиси два месеца откако ФБИ откри повеќе од 100 документи со доверливи ознаки и повеќе од 10.000 други владини документи на имотот на Трамп во Мар-а-Лаго.

Адвокатите на Трамп дадоа потврда дека сите владини записи се вратени.

Мелони и другите демократски законодавци бараа брифинг од Националниот архив, но не добија поради тековната кривична истрага на Одделот за правда за ова прашање.

Извор: АП