Дали ќе има струја по прифатливи цени за големите потрошувачи и индустријата ќе се знае откако ќе пристигне последната понуда од Турција. Договорот со Бугарија за испорака на струја е блокиран поради цената по која би се купувала. Високите сметки за поторошена струја се причина за поскапувањето на голем дел од неопходните продукти, маржите не се доволни потребен е закон за против воено профитерство, смета вицепремиерот. Во моментов виси снабдувањето со топлинска енергија за скопјани
СКОПЈЕ – Дали ќе има доволно струја за индустријата и големите капацитети по прифатлива цена ќе се знае идната недела кога од Владата очекуваат да ги добијат финалните понуди за набавка на електрична енергија и енергенси за производство од неколку соседни држави и државни компании. Во меѓувреме се работи на обезбедување на испоараката и прекуграничните капацитети.
„Јас сметам дека наредната недела е клучна. Да не кажувам кој ден. Клучна е за да се знае и да се пресече од каде ќе се осигура електричната енергија ако ја осигураме. Се прават напори да се ослободат одредени прекугранични капацитети за пренос на електричната енергија и тоа е важно“, рече Фатмир Битиќи, вицепремиер за економски прашања.
Струја по прифатлива цена е клучното барање на бизнис секторот и стопанските комори. Битиќи повтори дека за домачинствата и малите компании струјата е обезбедна за претстојниот кризен период.
Во понеделник или вторник турската државна компанија „Боташ“ ќе ја достави понудата со количина и цена за испорака на гас и електрична енергија како и цената на преносот. Она што е јасно е дека доколкус е постигне договор ќе се гористи гасоводот „Турски тек“ кој има краци во Бугарија и Грција.
Договорот за петте гигавати струја до Бугарија кои би ги користела индустријата виси бидејќи има двете страни не се договорија за цената по мегават час. Министерот Бектеши објасни дека договор не е постигнат затоа што се чека Европската комисија да ги најави новите мерки со кои се очекува цената на струјата да се ограничи на 180 евра за мегават час. Засега нема најави за нова средба на работните групи.
Досега со Србија е договорена испорака на гас, но се утврдува начинот на транспорт а договорено и преносната мрежа да биде отворена во текот на целиот период. Со Грција пак е договорена континуирана испорака на јаглен, мазут и лигнит енергенсите неопходни за неопречено производство на струја на домашните капацитети.
Високите сметки за потрошена струја се причината поради кои ценати на голем дел од основните прехрамбени продукти се зголемија барем двојно. Последни во низата се млекото и млечните производи чии цени достионгаа и над илјада денари за килограм кашкавал. Граѓаните се незадоволни бидејќи нивната платежна способност ги ограчинува редовно да ги подмируваат елементарните потреби.
Откако ограничувањето на продажните маржи не ги постигне очекуваните резултати и ефекти Владата размислува да ја прошири листата со производи чии маржи ќе се ограничат.
Покрај тоа вицепремиерот Битиќи побара изготвување на закон против воено профитерство како заштита од бранот поскапувања бидејќи смета дека не е возможно одредени цени да се толку високи. Апелираше до млекопреработувачите да се оснесуваат како што треба на пазарот, а од пазарните инспектори да продолжи со контролите.
„ За жал и во период на криза некој не се однесува разумно како што треба. Во Собрание има закон за етичко однесување на пазарот, додека бараме кризна состојба за енергетика повикав ако пратениците се согласат да направат закон против профитирање во време на криза, кој се нарекува закон за воено профитерство. Слободно нека го направата јас ќе одам одма да го бранам зошто мора да има ред во општеството“, Битиќи.
На дваесетина дена пред почетокот на грејната сезона виси и снабдување на скопјани со топлинска енергија.
Владата останува на својот став за закуп на топланите „Исток“ и „Запад“, досека сопственикот „АДОРА“ инсистира на продажба како едиствена опција. Вицепремиерот Битиќи е дециден, иако со одземени лиценци БЕГ има законска обврска да испорача услуга кон граѓаните се додека ЕСМ не го реши спорот со АДОРА и не ги првевзме топланите.
„ Во овој момент дистрибутивната мрежа е предадена на владеење на ЕСМ. ЕСМ има лиценца за испорака на услуга. Останува само опремата. БЕГ мора да испорача услуга се додека новиот економски опертор не влезе. Ние имаме договор а техничќка сопработка и сеуште имаме можност за коиртсење на опремата која е таму со претходните договори кои ги имаат потпишано БЕГ и „Адора“. Ова се билитарелни односи на две компании“, рече Битиќи.
Сепак она што е клучно е што БЕГ нема залихи на енергенси за производство на топлинска енергија, а истото се однесува и на ТЕ- ТО кој од Владата во неколку наврати го посочија како една од двете клучни алки за амортизација на ценовиот шок и недостатокот на струја и е клучен и за производството на топлинска енергија и парно греењето во Скопје.
Од ТЕ-ТО за Телма изјавија дека разговорите со Владата се во тек, имаат резерви на гас до крајот на овој месец и немаат планирана или договорен нова набавка на нови количини.