Возењето во Њујорк е секогаш авантура, автомобили и пешаци кои се натпреваруваат за првенство на минување на градските улици и пешачки премини. Повеќе од еден и пол милион жители живеат во Менхетен, исто така дом на Обединетите нации. Навигацијата низ градот честопати може да преставува кошмар, посебно во текот на две недели во септември, кога се состанува Генералното собрание на ОН, метеж во сообраќајот поради строгите безбедносни мерки за 193-те владини високи претставници кои присуствуваат на годишниот настан.
„Тајната служба и полицијата на градот Њујорк ја следат колоната што доаѓа во областа…“, вели наредникот Патрик Мекгир од њујоршката полиција задолжен за безбедност.
Областа по која се возат делегатите се обезбедува за само 72 часа, но потребни се осум месеци планирање. Илјада луѓе маневрираат со повеќе од сто оклопни автомобили и лимузини со екипаж и други возила за преставниците од сите земји во светот.
Тајната служба на САД се справува со повисоки владини лидери како претседатели и премиери.
Колку е подолга поворката, толку е поголем степенот на закана за лидерот. Замислете да ја гарантирате безбедноста на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. Ново реновираната турска зграда од 40 ката е директно преку улицата од ОН, што некои полицајци ја нарекуваат безбедносен кошмар.
Но, кошмар преставува и за жителите кои живеат таму. Со себе мора да носат документи за лична идентификација кои им се најпотребни во тие две недели, за да докажат дека живеат таму и да го поминат безбедносниот таканаречен „балон“ кој тајната служба и полицијата го имаат поставено.