Лиз Трас ќе биде нова премиерка на Британија

Трас утре ќе отпатува за Шкотска, каде кралицата Елизабета Втора официјално ќе ја покани да формира влада

Британската Конзервативна партија денес објави дека министерката за надворешни работи Лиз Трас е изгласана за нов лидер на Конзервативната партија и премиер.

Трас и поранешен министер за финансии Риши Сунак се натпреваруваа за првото место во партијата.

Кога ќе ја преземе функцијата, Трас ќе се соочи со последиците од британската рецесија и ескалацијата на сметките за енергија.

Премиерот Борис Џонсон во јули објави дека се повлекува по бројни скандали во неговата влада, меѓу кои прекршување на ковид протоколите.

Во вторник, Трас ќе отпатува за Шкотска, каде кралицата Елизабета Втора официјално ќе ја покани да формира влада.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс