Светските лидери загрижени за новите руски напади во близина на нуклеарната централа

Белата куќа соопшти дека американскиот претседател Џо Бајден, францускиот претседател Емануел Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и британскиот премиер Борис Џонсон разговарале за ситуацијата во Украина.

Во соопштението на Белата куќа се вели дека лидерите зборувале за „потребата да се избегнат воени операции во близина на централата и важноста од посета на Меѓународната агенција за атомска енергија што е можно поскоро за да се утврди состојбата на безбедносните системи“.

Разговорите се водат повеќе од една недела за да се организира посета на централата од страна на Меѓународната агенција за атомска енергија.

Во телефонскиот разговор во петокот, рускиот претседател Владимир Путин му рекол на францускиот претседател Емануел Макрон дека Русија ќе им дозволи на меѓународните инспектори да влезат во фабриката.

Нови руски воздушни напади се случија денес во близина на украинската нуклеарна централа, додека украинскиот претседател Володимир Зеленски предупреди на потенцијалните руски акции додека Украина се подготвува да ја одбележи годишнината од нејзината независност.

Регионалниот гувернер изјави дека руските ракетни напади погодиле области западно од нуклеарната централа Запорожје. Ракетите погодија куќи, градинка и продавници, рече Резниченко.

Русија и Украина постојано ја прфрлаат едни на други вината за постојаното гранатирање во близина на електраната. Украина побара од Обединетите нации и други меѓународни организации да ја принудат Русија да ја напушти локацијата, која ја окупираше од март, иако украинските техничари управуваат со објектот.

Некои информации доаѓаат од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.