Инфлацијата во САД се намали по четиридеценискиот максимум во јуни

Просечните плати растат побрзо отколку со децении, но не доволно брзо за да бидат во чекор со забрзаните трошоци

Падот на цените на бензинот им овозможи на Американците благо олеснување од високата инфлација минатиот месец, сепак порастот на вкупните цени забави само скромно по четиридеценискиот максимум што го достигна во јуни, објави Асошиетед прес.

Потрошувачките цени скокнаа за 8,5 проценти во јули во споредба со една година порано, објави вчера федералната влада, што е намалување од скокот од 9,1 процент на годишно ниво во јуни.

На месечна основа, цените беа непроменети од јуни до јули, што е најмал таков пораст повеќе од две години.

Сепак, цените растат на широк опсег на стоки и услуги, оставајќи ги повеќето Американци во полоша ситуација.

Просечните плати растат побрзо отколку со децении, но не доволно брзо за да бидат во чекор со забрзаните трошоци.