Бајден не бил брифиран за рацијата кај Трамп

ВАШИНГТОН (АП) – Високи претставници на Белата куќа на Бајден изјавија дека не биле однапред известени за претресот во вилата на поранешниот претседател Доналд Трамп во Флорида.

Трамп претходно изјави дека се согласил да врати одредени записи на американската Администрација за национални архиви и евиденција, нарекувајќи го „обичен и рутински процес“.

Трамп денес ќе биде сослушан од њујоршкиот јавен обвинител за неговите зделки со недвижности, потврди тој во објава на својата социјална платформа.

Сведочењето на Трамп доаѓа во време на низа правни активности околу него, кои се случуваат само неколку дена откако агентите на ФБИ извршија рација во неговиот имот во Мар-а-Лаго во Флорида, како дел од неповрзаната федерална истрага за тоа дали земал доверливи записи кога ја напуштил Белата куќа.

Граѓанската истрага во Њујорк, предводена од јавната обвинителка Летиција Џејмс, вклучува наводи дека компанијата на Трамп, Организацијата Трамп, погрешно ја навела вредноста на ценетите средства како терени за голф и облакодери, доведувајќи ги во заблуда заемодавците и даночните власти.

„Мојата голема компанија и јас бевме нападнати од сите страни“, напиша Трамп на неговата социјална мрежа и додава, ова е таканаречена „Банана држава!“.