Првиот товарен брод што превезува украинско жито за извоз од почетокот на војната во Украина, се очекува да се закотви кај Истанбул рано утре за заедничка инспекција, објави турското Министерство за одбрана.
Министерството во писмено соопштение изјави дека бродот нема да влезе во ниту едно пристаниште, а инспекциите ќе се вршат на укотвното место на морето.
Според податоците објавени од земјоделските власти на Украина, повеќе од 20 милијарди тони жито собрано минатата година чекаат на украинските пристаништа за испорака.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето дневно видеообраќање вчера, рече дека пратката е „првиот позитивен сигнал дека постои шанса да се запре развојот на светската криза со храната“.
Сепак, тој предупреди дека Русија мора да биде надгледувана за да се обезбеди нејзино усогласување со договорот.
Турција и Обединетите нации посредуваа за договор меѓу Русија и Украина кон крајот на јули за да се врати извозот на жито во услови на глобална прехранбена криза за која Обединетите нации велат дека е влошена со руската инвазија на Украина.