Сите Украинци сега можат да аплицираат за брзо руско државјанство, се вели во декретот потпишан вчера од рускиот претседател Владимир Путин.
Претходно, оваа опција беше отворена само за жителите на источните украински региони Доњецк и Луганск, како и жителите на јужните региони Запорожје и Керсон, кои во голема мера се под руска контрола.
Не беше јасно колкумина ќе аплицираат за руско државјанство, но меѓу 2019 година, кога понудата беше достапна за жителите на Доњецк и Луганск, и 2022 година, околу 18 проценти од населението во областите под контрола на бунтовниците во Украина добија руски пасоши.
Во мај, програмата беше проширена на жителите на регионите Запорожје и Керсон.
Украинските власти допрва треба да го коментираат указот на Путин.
Дел од информациите во текстот се преземени од Ројтерс и Асошиетед прес