Со Апасиев разговаравме и за следните постапки во Собранието за францускиот предлог, како и за идните чекори поврзани со протестите, за кои вели дека ќе бидат како партија шах. Смета дека се можни тензии во и пред Собранието
VOA: Владата достави документ до Собранието. Што е тоа што го достави Владата?
„Тоa не е ништо. Тоа е една обична информација. Таму го нема ниту протоколот, ниту овие документи што се објавени како драфт. Не знам што е тоа и не знам како планира Собранието да постапува по една таква иницијатива. Меѓутоа soгласно моите информации, во понeделник треба да се стави на координација и да видиме што треба да донесе собранието, каков акт. Никој не знае, веројатно ниту Џафери. Дали одлула, дали некаков заклучок, дали ќе им го врати на Влада како некомплетен предлог. Имаше и такви шпекулации.
Your browser doesn’t support HTML5
Во Собранието ќе биде тензично
Меѓутоа мислам дека во Собранието ќе биде многу тензично. Моите информации говорат дека ќе се обидат да прескокнат комисиска расправа и да оди директно на пленарна седница. Тоа не е деловнички, тоа е шверцување. Тогаш ќе има тригер за поголемо собирање кај Собранието.
Ние од внатре, народот од надвор, мислам дека ќе спречиме предавство, кое е повеќекратно поголемо од преспанското предавство.
VOA: Кои се вашите следни чекори?
- Не ги откриваме чекорите. Ќе играме стратешки. Ќе бидат правни, институционални и вон-правни и вонинституционални. Очекуваме дека ќе дадат резултати... Се обидоа да направат меѓуетнички судир со уфрлени агенти да провоцираат насилство.. Ние ќе играме шаховски, тие на потег, ние на потег и нема да откриваме што ќе играме.
VOA: Ставот на Левица за почнувањето преговори со ЕУ?
Сметаме дека преговорите со ЕУ не треба да се прекинат, но во ЕУ треба да влеземе како Македонци. Во меѓувреме се случуваат геополитички тектонски поместувања и ние треба да го фатиме курсот на новиот светски поредок, а во којшто ЕУ ќе биде само слуга на Америка, како што е и сега.
Ни треба реконструкција во надворешната политика
Има многу повеќе алтернативи и секој свесен политичар треба да ги игра сите алтернативи. Тоа значи дека и европската алтернатива е една од можностите.
Нашиот став е да не се затвора вратата потполно, но и да не се оди со сè на една карта. Тоа е погубен став, погубен став за нашата надворешна политика. Ни треба реконструкција. Но, тие се обидуваат комплетно да дадат сè, a да не добијат ништо. Тука е и тоа што иритира.
ЕУ нема да биде примамлива како сега
Мислам дека во перспектива, децении нанапред, Европската унија нема да биде веќе толку примамлива како што е сега, затоа што на крајот на краиштата ние треба да дадеме сè, а тие да не дадат ништо, и тоа го иритира народот“.
VOA: Велите дека ЕУ би го губела приматот. Кои според вас се другите алтернативи?
„Има многу алтернативи. Видете го српскиот пример. Го имате Движењето на неврзаните, каде што игра Вучиќ. Ги имате БРИКС, ја имате „Појас и пат“ иницијативата, зближување со други големи светски сили. Има многу алтернативи.
Исто така и Европската економска зона е една од алтернативите. Како и Отворен Балкан што е дамнешна левичарска идеја на Балканска конфедерација.
Има многу иницијативи, само затворен ум не ги гледа. Ум кој е ЕУ фундаменталистички платен од Сорос, тоа не може да го види.
VOA: Каков ви е ставот кон евро-азиската унија?
„Сите концепти се отворени. Светот е широк, голем, има многу креативни идеи, сè е на маса и со сите треба да играме. Тоа е нашиот став отсекогаш.
Интернационализмот е позната левичарска концепција и треба да се игра со сите земји од ОН, со сите регионални и пошироки иницијативи каде што има алтернативи. Само затворен ум не може да ги види. Ние ги гледаме“.